![Учениците и наставниците без мобилни на часовите](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/26/7157a762-resize-820x0x100.jpg)
Со одлука на Наставничкиот совет во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, учениците и наставниците задолжително ќе ги оставаат своите мобилни телефони во кутиите со прегради, кои се набавени специјално за таа намена.
– Има време и за мобилни телефони, но на училиште, најважни се часот и предавањето на наставникот. Секако дека за време на одморите може да се користат. Вниманието и вклучувањето на часот се приоритет. Со оваа одлука, се надеваме и очекуваме да се подобрат вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците, но и да се намалат употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието – стои на фејсбук-профилот на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.
![](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2023/09/mobilni-ucenici.jpg)