Дали сте запознаени со предностите на онлајн заработката во однос на правењето пари офлајн? Нашиот водич ќе ви ги открие најважните предности на едно место.
Само пред две децении воопшто немаше да имаме ваква дискусија бидејќи интернет технологијата не беше достапна во овој обем и на овој начин. Денес, илјадници луѓе во Македонија и околу светот прават пари онлајн.
Според последните податоци, овој број забрзано се зголемува. Се разбира, не е само подемот на технологијата што придонесува се повеќе луѓе да ја напуштат својата традиционална работа и да ја заменат со нејзина онлајн верзија. За да ви помогнеме да разберете каде е предноста на онлајн заработката, подготвивме листа и опис на неколку причини кои луѓето со искуство во двете опции најчесто ги наведуваат кога некој ќе им го постави ова прашање.
Можности без граници
Интернетот го измени начинот на кој бизнисите се поврзуваат со своите вработени и клиенти. Оваа технологија не познава физички граници. Со други зборови, не мора да патувате, поминувате пасошки контроли и поминувате низ долготраен процес на обезбедување дозволи за работа кога сте онлајн.
Кога правите пари онлајн, имате потенцијал да допрете до луѓе од целиот свет. Традиционалното правење пари е врзано со физичка локација. Како резултат на тоа, онлајн заработката овозможува далеку поголеми можности за зголемен продажба, препознавање на брендот и шанса да се влезе на пазари на кои е речиси невозможно да се влезе со офлајн пристап.
Вреди да се спомене дека тука мислиме на заработка остварена на два начини – преку отварање на сопствен бизнис или преку работење за некој друг (некоја компанија или индивидуа). Значи, онлајн заработката е полесна и има поголем потенцијал во речиси секоја индустрија.
Намалени трошоци
Онлајн бизнисите и онлајн работниците имаат намалени трошоци споредено со оние што работат офлајн. Земе ги за пример казината. Наместо да плаќаат наем, режиски трошоци, одржување и слично, тие можат да заштедат. Затоа во последно време има многу онлајн казина кои повлекуваат отварање на придружни бизнис како на пример https://onlinecasinomk.com, сајт фокусиран на помагање на онлајн играчи.
Ако сте вработен во некоја фирма, не треба да трошите пари за превоз. Може да ја организирате и вашата исхрана и да направите таа да биде поевтина и поздрава. Се разбира, многумина ќе го споменат социјализацијата како маана припишана на овој начин на работа, но и за тоа има решение. На пример, се повеќе има т.н. co-working простори во кои се собираат онлајн вработени за да се социјализираат и да ја променат околината.
Онлајн бизнисите можат да се водат од вашиот дом или ако баш инсистирате, истите можат успешно да се менаџираат и од мала канцеларија. Дополнително, доколку работите со дигитални производи истите можат да се достават електронски без никакви трошоци за курирски служби, царини и слично.
Со помош на заштедата, секој човек или бизнис кој заработува онлајн може да вложи во раст, маркетинг и развој на производи и/или вештини.
Различни извори на приход
Со помош на интернетот, секој од нас може да обезбеди повеќе различни извори на приход. Веројатно ја знаете американската изрека која вели “не ги чувајте сите јајца во една кошница”. Поентата на оваа изрека е дека ако се случи нешто неочекувано, веројатно ќе се скршат сите.
Кога правите пари онлајн, може да се впуштите во два или повеќе бизнис потфати одеднаш. Онлајн работата ќе ви овозможи да искористите многубројни канали за генерирање приходи.
На пример, доколку отворите онлајн продавница, најверојатно главен извор на заработка ќе ви бидат продадените производи. Сепак, на вашиот сајт може да добивате пари и од спонзорирана содржина, промоција на одредени производи, дигитални производи, курсеви и друго.
Ако сте вработени онлајн, може да пробате да заработите дополнително со користење на платформи за фриленсери како Upwork или Freelancer. Оваа диверзификација која ја споменува во оваа точка, ќе ви помогне да си ги стабилизирате приходите и ќе ви дозволи да експериментирате со различни бизнис модели.
Потребно ви е минимално вложување
Во оваа точка ќе се осврнеме само на водењето бизнис онлајн. Кога оваа активност ќе ја споредиме со традиционалното водење бизнис, ќе видиме дека почетното вложување во првото а далеку помало.
Веруваме дека сите сте свесни дека основањето офлајн бизнис најчесто бара значително инвестирање, пред се во физичката инфраструктура, инвентар и вработени. Од друга страна, стартување онлајн бизнис или започнување фриленс кариера се вообичаено мали инвестиции.
Многубројни платформи кои може да ги најдете на интернет нудат бесплатни или евтини алатки кои ќе ви овозможат да направите веб страници, управувате со онлајн продавници и промовирате своите услуги или производи.
Можноста со мали инвестиции да почнете да заработувате пари е одлична за лица кои имаат ограничени средства. Ова е речиси невозможно да го постигнете на физичкиот пазар.
Евтин и ефикасен маркетинг
Уште една од причините поради која секој треба да почне да размислува за правење пари онлајн е евтиниот и ефикасен маркетинг. Зборуваме за т.н. насочен маркетинг или персонализиран маркетинг кој претставува стратешки пристап базиран на податоци и технологија.
Со помош на овој вид на маркетинг, кој е достапен онлајн, многу е полесно да се најдат специфични категории на потенцијални клиенти и да им се достави персонализирана порака.
Онлајн платформите можат да приберат многу важни податоци за однесувањето, интересите, демографијата и историјата на купување на интернет корисниците. На овој начин, онлајн бизнисите можат да ги категоризираат потентцијалните клиенти во групи со заеднички карактеристики.
Со овој пристап, може да очекувате одлични резултати без да вложувате премногу средства на рекламирање. Рекламите на радио или телевизија едноставно не може да се споредат со овие реклами кои ветуваат поголема заинтересираност и можност за брзо адаптирање.
Извор: biznisvesti.mk