Ова е изјавата на министерот за економија а како одговор на негодувањата на бизнис заедницата
Никој не губи, туку само добива а нема никаква шанса полиците во маркетите да останат празни поради мерката “гарантирана цена“. Вака министерот за економија одговори на тврдењата на бизнис секторот дека замрзнувањето на цените ќе поттикне увоз а ќе ги намали домашните производи.
„Нема никаков ризик бидејќи мерката важи за трговија на мало, а за производството постојат други мерки кои немаат директни влијанија врз намалувањето цените до тоа ниво за да генерираат загуби разните производителни компании“, вели Крешник Бектеши.
Тој додава дека со последните мерки секое домаќинство ќе заштеди до 2500 денари. Во правец на зачувување на стандардотсе најави и деветтиот пакет директна помош за загрозените категории.
Владата очекува во декември инфлацијата да се намали на 8% меѓутоа познавачи од областа предлагаат продолжување на мерките, во спротивно истите нема да го дадат очекуваниот ефект.