Македонската асоцијација за Човечки ресурси и овојпат ја собра HR фелата на едно место, во Хотелот Холидеј ин во Скопје точно во 9:30 часот каде и официјално беше отворена 15 HR конференција.
Во својот поздравен говор Претседателон на Асоцијацијата Дарко Петровски ја отвори темата на овогодинешната конференција им се заблагодари на присутните:
-Темата за конференцијата е "HR in the Age of Innovation: Navigating the Future of Work", со цел да ги допреме сите новитети и релевантни области поврзани со иновациите во менаџирањето со човечките ресурси и со иднината на работењето. Ќе се осврнеме на заложбите на Европската асоцијација за менаџмент со луѓе (ЕАРМ), која под мотото „HR ја обликува новата иднина“, промовираше посебен фокус на четири клучни теми:
· градење на организациска култура со висока доверба како докажан модел за добри резултати,
· еднаквост, различност и вклученост како основа за поволна работна околина,
· добросостојба и баланс помеѓу работата и животот како јадро за добро работење, високи перформанси и продуктивност и
· одржливо работење преку добро дизајнирани работни места, оптимизирани работни перформанси, автономија и контрола.
Додека пак генералниот покровител на настанот Вработување.ком преку својот претставник Дарко Велков генерален менаџер на присутните им посака добредојде н нагласувајќи дека ова е собир на експерти кои ја обликуваат и креираат иднината на работата.
-Вашето учество во оваа бројка на нашата конференција го потврдува токму тоа, бидејќи ова не е само место за средба на луѓето кои „живеат и дишат“ HR; тоа е и собир на експерти кои ја обликуваат и креираат иднината на работата.Програмата на конференцијата оваа година е шарена, разновидна и возбудлива. Во текот на следните два дена ќе се сретнете со фантастични предавачи, говорници и експерти за човечки ресурси, ќе слушнете приказни кои ќе ве инспирираат и мотивираат и ќе дознаете за најновите трендови кои ја обликуваат нашата професија. Оваа конференција ви припаѓа вам и не се сомневам дека во годините што доаѓаат ќе продолжиме да ги пишуваме најубавите страници од светот на HR.
Конференцијата ќе трае два дена на 28 и 29 Септември.