Ако косата многу ви паѓа и тоа е голем проблем за вас, пред се од естетска природа потоа и за здравје и самодоверба, имаме природно решение за вас.
Две шолји неизлупен овес се прелива со шест шолји зовриено млеко, се вари две минути на оган и се остава пола час да се лади.
Се цеди и се пие шолја три пати на ден.
Помага за косата да расте и да е здрава.
Доколку пат сте од оние кои се лудо вљубени во правата коса ви препорачуваме природни препарати кои ќе ви помогнат во тоа:
Препаратите за исправување на косата се многу барани.
Меѓутоа, хемикалиите кои тие ги содржат, за да може вашата коса да стане права и мазна, имаат штетно влијание врз здравјето и квалитетот на влакната. Поради тоа, важно е да се најде алтернатива.
Третман со топло масло
Освен што ја храни и ја одржува косата, редовниот третман со топло масло може да ви помогне косата и да се израмни. Помешајте кокосово и маслиново масло.
После неколку дена, маслиново масло можете да го замените со бадемово. Мешавината се втријува на косата и коренот, а потоа покријте ја косата со топол пешкир. По 45 минути косата измијте ја со шампон.
Млеко
Кога станува збор за исправување на косата, млекото е многу ефикасно. Ставете го млекото во шише со распрскувач и шприцајте по косата. Чекајте половина час за косата да го впие млекото. После тоа, косата измијте ја со шампон.
Сок од лимун + млеко од кокос
Изрендајте кокос, помешајте го со вода па добиената смеса процадете ја за да го одвоите кокосовото млеко. Додадете сок од лимун и мешавината изладете ја во фрижидер неколку часа. На врвот на смесата ќе се создаде кремаст слој. Токму овој слој треба да се нанесе на косата и да се покрие со топол пешкир. После саат време косата исперете ја со благ шампон и чекајте да се исуши. Косата ќе биде мека и полесна за “ракување”.
Мед + млеко
Во млекото додадете мед и мешајте додека не добиете леснамазна паста. За поефикасни резултати, во смесата додајте изгмечени јагоди или банани. Нанесете на косата. Откако смесата ќе се исуши на косата, измијте ја со млака вода.
Маслиново масло + јајце
Изматете две јајца и додадете соодветна количина на маслиново масло. Измешајте ја смесата и нанесете на косата. После саат време косата измијте ја со благ шампон.
Напомена: Наведените третмани нема да функционираат како исправувањето на косата во козметички салон. Треба да се применува било кој од наведените третмани најмалку два пати неделно за да се видат резултатите.
Сепак, ако косата ви е многу виткана и сакате да се исправи што е можно побрзо, ќе мора да се подложите на некој од козметичките третмани.
Имајте в предвид дека не треба да го правите тоа премногу често, бидејќи топлината и козметичките производи наменети за тие цели можат да ја исушат и оштетат вашата коса.
извор: skopje24.mk