Вчерашниот ден, 5-ти октомври е прогласен за Меѓународен ден на учителите. Интернационалата за образование, која претставува 29 милиони образовни работници во 166 земји, од 1966 година го празнува Светскиот ден на учителот.
Да се биде учител, наставник, професор, воспитувач е најблагородната, најубавата и најодговорната професија.
Учителите се водечка светлина за учениците. Тие им го покажуваат правилниот пат и им помагаат на учениците да откријат повеќе за себе.
Добриот наставник е како свеќа, се троши себе си, за да им го осветли патот на другите.
Професијата наставник е благородна професија, што го обликува карактерот и иднината на една личност.
Ако треба да поставите некого на пиедестал, ставете ги наставниците. Тие се хероите на општеството. Познатиот турски претседател и државник Мустафа Кемал Ататург не случајно рекол, дека платата на наставникот треба да биде повисока од платата на пратеникот, бидејќи ако не беше наставникот, немаше да биде пратеникот.
Кај нас се случува една обратна ситуација, ги газиме наставниците, токму оние, кои можат да го променат животот на учениците, студентите и на човекот воопшто.
Наставниците се најодговорни и најважни членови на општеството.