Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој почнат час.
„Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град. Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата, и тоа на следните локации: ниво 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата 'Крусел' (југ) и 'Кар бокс' (север), на ниво 1, излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците 'Нептун' (југ) и '5 центар' (север)“, велат од трговскиот центар.
На паркоматите ќе може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички.
Извор: kajgana.com