![Зголемување на платите и на вработените во Град Скопје - Eве за колку](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/96/b8346069-resize-820x0x100.jpg)
Со потпишување на колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје платите се зголемуваат за 10 проценти. Платите се зголемуваат на вработените во Град Скопје и вработените во јавните претпријатија. Според градоначалничката зголемувањето е заради тоа што е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа.
Пред неполни две години беше поддржана иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпишан нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите. Дополнително во 2022 година Град Скопје беше првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6000 вработени.