Ги регистрираме последните пријави од компании учесници на Најголемиот регионален саем за вработување, кој ќе се одржи од 24-31 октомври 2023 година!
Голем број компании, реномирани работодавачи од Македонија и регионот ја препознаа вредноста од учеството на овој најголем Employer Branding настан и веќе се подготвени за да ги отворат своите врати и да се претстават пред работобарателите во текот на 8-те саемски денови.
Минатогодишното издание на Најголемиот регионален саем за вработување забележа вкупно 521.208 посети, 1.281 огласи објавени од повеќе 150 компании и 39.815 апликации, а овие бројки несомнено го посочуваат саемот како неизбежно место за средба на истакнати работодавачи и работобаратели и го прават најголем настан од ваков тип во регионот.
Кои компании од Македонија ќе бидат учесници на саемот?
Во периодот од 24 - 31 октомври ќе имате можност виртуелно да ги посетите штандовите на Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Мехатроникс, Кромберг и Шуберт, Реплек, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Мајорел, Вабтек МЗТ, ПроКредит Банка, Флекс Кредит, Дојран Стил, Линамар, Адиент Аутомотиве, Дрекселмајер, Аптив, Вебхелп, Градежен Институт Македонија, Маркарт Македонија, Лакталис, Agile Pro Solutions и други. Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Philip Morris Services d.o.o. Beograd и Ingosoftware од Србија, Maistra Hospitality Group, GCCL (MALTA) RMD FLEET MGMT LTD, Metro, Konzum, Valamar и FraGround Fraport Ground GmbH од Хрватска, a од годинава за првпат на саемот имаме и работодавачи од Словенија, а станува збор за Univerzitetni klinični center Ljubljana.
Подгответе се да ја најдете вашата работа од соништата, со само еден клик!
Покрај квалитетната понуда на огласи за работа и добро познатите елементи преку кои можете да дознаете повеќе за компанијата, бенефициите кои ги нуди, искуствата на нивните вработени, можете и да ѕирнете во атмосферата на компанијата преку галерија и видео, и да разговарате директно со претставник од компанијата преку опцијата Chat и да дознаете повеќе за компаниите учесници преку рубриката „Настани“.
Ве потсетуваме и што треба да знаете за Најголемиот регионален саем за вработување:
Сега е време за нова (подобра) работа!
Пронајдете ја од 24-31 октомври на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com
За дополнителни информации и резервација на штанд, посетете ја веб-страницата на саемот или контактирајте директно:
Каролина Апостоловска
+38977983837
karolina@vrabotuvanje.com.mk