Vrabotuvanje.com ви ја овозможува опцијата “Зачувани пребарувања“ која во голема мера ја олеснува потрагата по вашата посакувана работа
Ако ве интересира одредена категорија на работни места или работно место според местото на живеење пребарувањето може да го ограничите според тие критериуми така што следниот пат кога на порталот ќе се објави оглас кој одговара на вашето пребарување, системот автоматски ќе ве извести по електронска пошта.
Исто така, доколку веќе сте се пријавиле на некој оглас, имате опција системот да ве известува кога ќе се објави уште некој сличен оглас. На овој начин, никогаш нема да пропуштите оглас кој можеби ви одговара токму вам.
Следете ги трите едноставни чекори и унапредете ја потрагата по вашата работа од соништата:
Чекор 1
Направете профил на Vrabotuvanje.com.mk. Профилот ви овозможува да бидете дел од конкурентниот сегмент на пазарот на трудот – може да направите CV, да пребарувате огласи, да аплицирате на огласи и да користите голем број услуги кои ги нуди Vrabotuvanje.com.mk.
Чекор 2
Внесете ја вашата позиција во полето за пребарување.
Чекор 3
Зачувајте го пребарувањето. Означете го полето “Добивај слични огласи преку емаил“ и кликнете на копчето “Зачувај“.
Откако ќе го зачувате пребарувањето, секој ден на својот емиал ќе добивате известувања за сите нови огласи за вработување на избраната позиција. Доколку сакате истовремено да добивате известувања за повеќе позиции, повторете ја постапката и за останатите позиции. За увид во сите зачувани пребарувања одете во делот Зачувани пребарувања.
Ви посакуваме успех во потрагата по (подобра) работа!