![И во Србија пензиите покачени за 5,5 отсто од октомври](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/6e/549776e6-resize-820x0x100.jpg)
По септемвриското зголемување во Македонија на пензиите, слични вести доаѓаат и од кај нашиот северен сосед Србија. Зголемувањето на пензиите и другите права од пензиско и инвалидско осигурување за 5,5 отсто, почнувајќи од 1 октомври 2023 година, важи за сите корисници на пензии и други права во Србија.
Зголемените октомвриски пензии и други права Фондот на ПИО ќе ги исплати на почетокот на ноември 2023 година, соопштија српските институции.