![Сообраќаен хаос, полиција и колони возила – денес избегнувајте ја оваа скопска сообраќајница!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/7d/63b59ed7-resize-820x0x100.jpg)
Зголемена фрекфенција сообраќај, сообраќаен метеж и колони возила – ваква е денес состојбата на булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје на потегот од Зелен Пазар до Нова Македонија.
Причина за сообраќајниот метеж е отворањето на новиот Дајмонд мол закажано за денес и забавите кои се планирани во вечерните часови од денес до понеделник. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваа фотографии на кои се забележува гужвата и метежот.
Скопје Инфо претходно објави дека денес во 10 часот беше отворен новиот трговски центар Дајмонд мол (Diamond Mall), а свечениот дел се одвиваше пред главниот влез на трговскиот центар, лоциран спроти автобуската постојка на булеварот Св. Кирил и Методиј.