А1 Македонија веќе трета година по ред успешно ја имплементира програмата A1 WayUp која е наменета за дипломирани студенти и за оние кои што завршиле факултет во последните 12 месеци.
А1 Македонија веќе трета година по ред успешно ја имплементира програмата A1 WayUp која е наменета за дипломирани студенти и за оние кои што завршиле факултет во последните 12 месеци.
За програмата, развојот и бенефитите, разговараме со Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија, Деспина Ралевска, Talent & Engagement Specialist во А1 Македонија и Иван Роглиќ, Learning and Skills Expert во А1 Македонија за развој и ангажираност на вработените
- Што претставува А1 WayUp и за кого е наменетa програмата?
Програмата е вистинска можност за младите кои се на крај од своите студии или кои завршиле и сакаат да работат во меѓународна компанија и да стекнат знаење и искуство преку работа на реални проекти. Се работи за платена пракса во времетрање од 6 месеци кадешто практикантите работат со полно работно време и конкретни работни задачи. Оваа година младите таленти имаа можност да се пријават и да ја градат својата кариера во следните области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.
- Каков е процесот на селекција и регрутација на млади таленти дел од A1 WayUp?
Перидот на аплицирање започнува во летниот период и трае еден месец, а секој заинтересиран може да аплицира преку пополнување на апликација за една или повеќе отворени позиции со испраќање на кратка биографија преку кариерната страна на А1 Македонија. Не го исклучуваме и проактивниот пристап на интерес и аплицирање при кој секој кој пројавува интерес за одредена позиција да може лично да стапи во комуникација со тимот за регрутација и да ги добие сите потребни информации поврзани со процесот. Процесот на селекција се врши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите а поврзано со потребите на позициите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристи, а одбраните кандидати се повикани на финално интерву за детално запознавање со сите услови на работа.
Она на кое сме најмногу горди како компанија е препознатливоста на програмата од година во година, такашто оваа година имавме 64% повеќе апликации од минатата што нескромно можеме да кажеме дека сме посакуван работодавач за младите таленти – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.
- Што го прави А1 WayUp уникатен во споредба со другите практикантски програми?
Додека работат на проекти, практикатите добиваат целосна поддршка од менторите и тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, практикантите имаат можност да се надоградуваат преку обуки за важни деловни вештини кои им се потребни во секојдневната работа – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.
- Каква предност имаат практикантите од програмата A1 WayUp?
Практикантите добиваат непроценливо практично искуство, менторство од врвни експерти и можност да работат на вистински проекти по најнови трендови. На почетокот, фокусот е на совладување на формално знаење од подрачјата, а потоа следува практична работа на конкретни примери. Во текот на практикантството сите добиваат еднаква можност да се приклучат на едукациите кои ги нуди А1 како компанија и да го надоградат своето знаење – истакна Маја Анчевска, Talent Acquisition Expert во А1 Македонија.
- Кажете ни повеќе за менторскиот аспект на A1 WayUp.
Секој практикант добива дедициран ментор кој е посветен експерт во својата област. Менторот обезбедува насоки, креира менторска програма и е тука за поддршка и кариерни совети низ целиот процес. Во самиот процес менторот е задолжен да обезбеди средина во која практикантот работи на задачи од кои има можност директно да го научи процесот и начинот на работа, како и примена на знаењето стекнато за време на обуките. Целта на менторството е со тек на време, практикантот да стекне поголема независност и можност самостојно да управува со своите проекти – истакна Деспина Ралевска, Talent & Engagement Specialist во А1 Македонија.
- Можете ли да ни кажете повеќе за едукативниот аспект на практикантите кои се дел од A1 WayUp?
Практикантите во А1 Македонија покрај формалниот пристап и работата на реални проекти имаат можност дополнително да се надоградуваат и учат нови вештини, а ние како компанија создаваме услови за практична апликација на новите знаења на секое работно поле. Нашата програма Future Hub 2.0 е темелно разработена програма за развој и надградба, која е наменета да ги подготви новите колеги за тоа што ги очекува во иднина. Во склоп на програмата имаме палета на најразлични обуки во 3 главни подрачја. Покрај обуките во А1 имаме и дигитален пристап кон учењето преку истакнати онлајн платформи за учење како што се LinkedIn Learning, Udemy, Coursera итн. – истакна Иван Роглиќ, Learning and Skills Expert во А1 Македонија.