Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 % во однос на одлуката од 6.11.2023 година.
Од 9.11.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин „евросупер БС-95“ 0 81,00 (денар/литар)
- моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,00 (денари/литар)
- дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,50 (денари/литар)
- масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,00 (денари/литар)
- „мазут М-1 НС“ – 44,996 (денари/килограм)
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,005 денар/кг и сега ќе изнесува 44,996 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и “евросупер БС-98“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,006 %, кај дизелот 0,429 %, кај екстра-лесното масло 0,670 % и кај мазутот намалувањето е 2,158 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,562 %.