Времето утре ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, соопшти УХМР.
Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и пораст на дневната температура.
Минималните утрински температури ќе се спуштат до минус 5, а максималните дневни ќе достигнат до 16 степени.