Инфлацијата, растот на платите и другите макро и микроекономски влијанија ја направија Црна Гора најскапата дестинација за живеење во регионот, ако ги исклучиме Хрватска и Словенија, кои се членки на Европската унија, покажуваат податоците на веб-страницата Numbeo.
Според овие податоци, индексот на потрошувачките цени во Црна Гора е 42,4, што е највисок пресметан индекс за Балканскиот Полуостров. Индексот ги вклучува трошоците за домување, облека, храна, превоз, интернет, комунални услуги, намирници, како и бројни други параметри. Како параметар беа земени трошоците за живот во Њујорк и односот на цените на истите производи и услуги.
Индексот на трошоците на животот е теоретски индекс на цени што ги мери релативните трошоци на живот низ времето или регионите. Тоа е индекс што ги мери разликите во цените на стоките и услугите и овозможува замена со други ставки бидејќи цените варираат.
Така, на пример, Црна Гора има индекс од 15,7 кога станува збор за цените на изнајмување станови, додека индексот на киријата комбиниран со останатите животни трошоци е 29,7, што ја рангира меѓу поскапите дестинации во јужноевропскиот регион. Тоа значи дека цените за изнајмување станови во Црна Гора се за 70 отсто пониски отколку во Њујорк, но според индексот на кирии е дури и пред Хрватска и Грција. Меѓутоа, просечната месечна плата во Њујорк е околу 4.500 евра, додека во Црна Гора е околу 800 евра, пренесува Дан.
Минималната потрошувачка кошничка за четиричлено семејство во септември годинава изнесува нешто повеќе од 847 евра, покажуваат податоците на Монстат, што претставува зголемување од дури 201 евро во однос на истиот период во 2020 година, како што претходно пишуваше „Дан“.
Кога минималната плата беше 250 евра, минималната кошничка беше 646 евра, додека по зголемувањето на минималната плата на 450 евра, минималната кошничка исто така се зголеми за 200 евра, поточно за 201 година, на 847 евра.
Според последните податоци, расходите за храна и безалкохолни пијалоци изнесуваат 397,5 евра, а за непрехранбени производи и услуги 449,9 евра. Потрошувачката кошничка се зголемила за 23 евра само од јули кога изнесувала 824 евра.