Цената на свинската маст достигнува и до 200 денари, а на чварките и до 1.000 денари. Граѓаните коментираат дека ова е премногу со оглед на фактот дека пред неколку години чварките се купуваа по 300 – 400 денари за килограм. И од месарниците потврдуваат дека цените на свинската маст и на чварките се многу покачени, а причините се намалената понуда и зголемените цени на свинското месо.
Граѓаните коментираат дека ова е премногу со оглед на фактот дека пред неколку години чварките се купуваа по 300 – 400 денари за килограм. И од месарниците потврдуваат дека цените на свинската маст и на чварките се многу качени, а причините се намалената понуда и зголемените цени на свинското месо.
Што е многу многу е, коментираат граѓаните. Сè е поскапено, ама некои производи навистина станаа луксуз. Чварките порано беа храна за сиромашните, а сега стана деликатес и ретко кој може да си купи.
И од месарниците потврдуваат дека цените на свинската маст и на чварките се многу качени, а причините се намалената понуда и зголемените цени на месото.
И другите купувачи велат дека откако цената на чварките стигна 1.000 денари ги купуваат само колку да пробаат и за мезе. Велат дека заборавиле веќе на оние специјалитети како праз со чварки, чварки со јајца кои порано ги подготвувале. Исто и со свинската маст која порано домаќинките ја користеа за готвење, а сега ја купуваат само за колачи и за пити.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press