![Оваа недела исплата на пензии, а ќе има и дополнителна помош](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/cb/919809bc-resize-820x0x100.jpg)
Оваа недела ќе бидат исплатени пензиите кон над 300.000 пензионери, а пензиите на сметките на пензионерите ќе „легнат“ в петок на први декември.
Сепак, дел од банките најавуваат дека со исплата на пензиите ќе стартуваат ден и два порано.
За денес, на владина седница најавено е усвојување на нов пакет антикризни мерки со што дел од пензионерите, особено оние со пониски пензии, ќе добијат дополнителна финансиска помош од државата.