Основците од семејства со примања под 50.000 денари, ќе добиваат по 1200 денари месечно следните шест месеци. Средношколците ќе добиваат по 1800 денари / месечно.
15 илјади студенти ќе добијат ваучер за превоз во вредност од 600 до 1200 денари.
По илјада денари ќе добиваат самохраните родители, родители на деца со попреченост.
Пензионерите во наредните пет месеци ќе добиваат по 3000 денари до 14.000 денари , 2000 денари за оние од 14.000 до 16.000 денари и по 1500 денари дополнителни средства за пензионерите кои земаат пензија од 16 до 19.000 денари.
Мерките ќе важат од декември 2023.