![Скопје меѓу најзагадените градови во светот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/12/0133d621-resize-820x0x100.jpg)
Воздухот во Скопје е меѓу најзагадените во светот, а според онлајн платформата „Ај-кју-ер“ утринава главниот град е меѓу првите 20 на листата. Според податоците објавени на веб-страницата во 10 часот, индексот на загаденост изнесува 95 и Скопје е рангирано на 17 место.
Според податоците, во воздухот е измерена значителна количина на ПМ 2,5 честички, односно шест пати над дозволената граница според стандардите на Светската здравствена организација.
![](https://360stepeni.mk/wp-content/uploads/2023/12/zagaduvanje-skopje.png)
Скопје во текот на ноќта беше меѓу првите десет најзагадени градови на „Ај-кју-ер“, а први на листата во континуитет се Делхи, Индија и Карачи, Пакистан.