![Оваа компанија воведува четиридневна работна недела за работниците во производството](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/04/a995d640-resize-820x0x100.jpg)
Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ламборџини постигна договор со синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ за воведување четиридневна работна недела за своите производствени работници, претставници на компании и работнички здруженија соопштија вчера.
Синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ договорот го нарекоа историски бидејќи Ламборџини како прва компанија во европската автомобилска индустрија значително го намалува работното време без намалување на платите, пренесува Ројтерс.
“Работејќи се помалку и подобро, тоа е принципот по кој се водеа овие преговори“, се вели во соопштението на синдикатот.