На работниците им се исплаќаат и надоместоци за храна и превоз и низа други стимулативни додатоци за работни резултати и продуктивност.
„Томи“ оваа година на сите вработени им исплати божиќен бонус до 300 евра, уште еднаш покажувајќи дека континуираното инвестирање во задоволството на вработените е стратешки приоритет на политиката на компанијата. Воедно, најавуваат дополнително зголемување на платите веќе на почетокот на следната година, со што продавачките, кои го претставуваат најважниот сегмент од продажниот систем, ќе имаат бруто зголемување за 25 отсто, заедно со зголемување на останатите материјални права.
„Томи е еден од водечките работодавци во Хрватска со повеќе од 4.300 вработени и тие се најодговорни за интензивниот развој и лидерската позиција на подрачјето на јадранското крајбрежје, бидејќи со својот професионален пристап влијаат на стабилноста на бизнис и зајакнување на позиционирањето на пазарот на Томи. Со исплатата на божиќниот бонус, би сакале дополнително да им се заблагодариме за нивната трудољубивост и одговорност во работата, а со продолжување на трендот на зголемување на платите и другите материјални придобивки веќе во следната година, се обидуваме да покажеме дека ја цениме нивната улога во успешното работење на компанијата“, истакнаа од менаџментот на компанијата.
Само во 2023 година, Томи ги зголеми расходите за бенефиции на вработените во вкупен износ од шест милиони евра, додека вкупниот приход на работниците вработени во малопродажбата, големопродажбата и системот за логистика и дистрибуција се зголемија за повеќе од 30 отсто во текот на 2022 и 2023 година.
Покрај зголемувањето на редовните плати, на работниците им се исплаќаат и надоместоци за храна и превоз и низа други стимулативни надоместоци за работни резултати и продуктивност, што е особено забележливо во летната сезона кога со над 2.000 работници, износот на инвестицијата надминува сума од еден милион евра.
Заедно со дополнителните поволности, како што се редовната исплата на велигденските и јубилејните награди и можноста за користење на слободен ден на денот кога нивните деца почнуваат прво одделение во основно училиште, квалитетот на работната средина во Томи придонесува и за можноста за индивидуална развој, усовршување и напредување во кариерата.
Така, на вработените им се достапни различни образовни процеси, а благодарение на таквиот пристап, во 2023 година, повеќе од 12 проценти од вработените напредувале на повисока позиција во компанијата.