Секогаш кога сте онлајн, има големи шанси вашите чекори да се следат или дека апликациите што ги користите собираат податоци за вас и потоа ги испраќаат таму каде што не сакате.
Еве неколку совети како да го ограничите или дури и целосно да го оневозможите.
1. Проверете што вели продавницата на Google Play за апликацијата
Во текот на изминатите неколку години, Google стана подобар во она што ви го кажува за тоа дали апликациите ги споделуваат вашите податоци со т.н. на „трети лица“, како и какви информации собираат.
Така, можете да видите дали програмерите ги преземаат потребните чекори за да ве заштитат, како на пример користење на шифрирање. Доволно е да отидете на страницата со апликацијата во Google Play Store, а потоа да проверите што пишува на опцијата „Data Safety“.
2. Aurora Store
Aurora е алтернативен начин за преземање апликации од Google Play Store, бидејќи тоа можете да го направите без да креирате сметка на Google. Ова е доволен плус кога станува збор за приватноста, бидејќи нема записи за тоа што го преземате.
Кога отворате апликација во Аурора, има дел „Privacy“ во кој се наведени сите познати тракери што се во таа апликација. Кога ќе скролате надолу, ќе го видите делот „Permission“ каде што пишува какви дозволи бара апликацијата.
3. NetGuard
Тоа е firewall апликација што не бара од вас да го „рутирате“ уредот за да го користите и ви овозможува да ја следите целата содржина што доаѓа и оди од вашиот уред.
Оваа апликација ви овозможува да го блокирате „сообраќајот на податоци“ на ниво на апликација, што може да биде добро за оние апликации каде што не ви треба интернет, но кои може да бидат склони кон споделување на вашите информации кога интернетот е вклучен.
Користејќи го NetGuard, можете исто така да ги блокирате услугите за следење и собирање податоци низ целиот систем, вклучувајќи ги и услугите на Google Play. Меѓутоа, ако го направите тоа, некои функции на апликациите може да престанат да работат.
4. Прелистувач (Browser) DuckDuckGo
Ако сметате дека NetGuard е малку комплициран за користење, тука е DuckDuckGo, кој има функција наречена „App Tracking Protection“. Кога ќе го вклучите, ќе го оневозможи речиси целото следење, вклучувајќи ги и оние што се прават додека користите интернет.
Иако DuckDuckGo не е совршен, тој е најблиску до заштитата на вашите податоци онлајн без користење на виртуелна приватна мрежа (VPN).