Интервју со Милена Јовановиќ - Менаџер на секторот за човечки ресурси во LPP Macedonia
Сигурно веќе ви се добро познати брендовите Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Иако секој од нив нуди различен стил и претставува поинаков начин на изразување, зад нив стои еден тим, односно цела интернационална групација која брои скоро 30.000 вработени ширум светот.
Станува збор за LPP, групација со над 30 години искуство во областа на fashion retail, со застапенот во 39 земји во Европа, Африка и Азија, над 2000 продавници и 30.000 вработени.
За нивните почетоци во Македонија, за експанзијата, тимот, бенефициската програма и грижата за вработените, како и за плановите за понатамошно проширување, поразговаравме со Милена Јовановиќ - Менаџер на секторот за човечки ресурси во LPP Macedonia.
1. LPP SA групацијата на македонскиот пазар е присутна повеќе од 2 години, започнавте со брендот Reserved во Скопје Сити Мол. Кажете ни нешто повеќе за почетоците и за тоа колку предизвикувачки беше да се стартуваат и останатите брендови за првпат во Македонија?
Кога ќе се вратам 2 години наназад, можам да кажам едно незаборавно, но многу позитивно искуство кое секогаш ми буди насмевка на лицето. Првичниот тим броеше само неколку члена, а првата задача беше отварање на 6те продажни салони во City Mall и East Gatе со вкупно 80 вработени.
Уште од сам старт сакавме да поставиме високи стандарди и да ја претставиме компанијата во вистинско светло, па подготовките за вработување и се што опфаќа самиот процес започнаа многу однапред. Иако ЛПП е реномирана и стабилна компанија, за нашиот пазар беше сосема нов работодавач, па како нови на пазарот, се сеќавам дека при секое интервју воведот за компанијата од наша страна одземаше половина време од целиот разговор. :) Но тоа беше и целта, да создадеме љубопитност кај кандидатите за понатаму да не проверат кои се ЛПП на глобално ниво, а се покажа како навистина добар пристап, бидејќи го почитувавме правилото дека и кандидатите имаат еднаква предност во избор на својот иден работодавач.
На крајот на денот знаевме дека зад нас стојат искусни колеги професионалци на различни позиции и од различни пазари, кои секојдневно ни даваа поддршка, а сето ова резултираше стабилен почеток и први позитивни импресии за нас како нов работодавач на македонскиот пазар - објаснува Милена.
2. За кратко време направивте експанзија на пазарот, со ширење низ повеќе градови во Македонија. Колку вработени брои LPP во Македонија денес и дали беше тешко да се формира ваков тим?
ЛПП е компанија која е позната по својата ориентираност кон луѓето, а тоа е она што не води сите нас, да градиме позитивна работна атмостфера, да иницираме добра соработка помеѓу вработените и креираме чувство на припадност. Со најголем предизвик се соочивме на почеток, додека да се претставиме кои сме и ги убедиме нашите потенцијални вработени да ни дадат шанса. Еднаш кога ги отворивме првите продажни салони, се беше полесно. Она на што понатаму даваме фокус е како да ги задржиме и продолжиме да ги мотивираме нашите постоечки колеги. Всушност нивното лично искуство и задоволство од ЛПП се многу голема поддршка при целата експанзија. Во моментот броиме околу 250 вработени и 20 продажни салони во Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Гостивар, Велес, Струга, Гевгелија.
3. Имате ли некои бенефити или компаниска култура која е специфична за LPP? Како LPP се грижи за своите вработени?
За ЛПП, вработените се многу важни и сите заслуги за успех одат директно за нив. Со цел да се задржи континуитет во развој на вработените организираме тренинзи на различни теми, онбординг програми за нови вработени, а обезбеден е и е-learning програм за сите нови колеги на позиции Продажни Асистенти.
Организараме и различни мотивациски активности и настани, обезбедени се соодветни бенефити и бонуси, надоместок за превоз, како и поволности за купување во сите наши продажни салони. Нашата култура е да се однесуваме со почит еден кон друг, прифаќаме различности и охрабруваме изнесување на различни мислења и ставови, а истото тоа го поддржуваме и испитуваме преку годишни истражувања за задоволство од страна на вработените. - вели Милена.
4. Кои се најважните квалификации кои треба да ги поседува еден кандидат за да стане дел од вашиот тим?
Многу интересно прашање :) За одредени позиции е неопходно и претходно професионално или животно искуство. Ова конкретно го мислам на лидерските и специјалистички позиции.
Но, она по што стануваме препознатливи е да даваме можност на кандидатите кои немаат претходно искуство да станат дел од нашата организација и тоа искуство го изградат со нас. За ова зборуваат над 35 интерни промоции во текот на оваа година.
Секогаш даваме предност на оние кандидати кои имаат желба да научат и да се позитивни во градење добри односи и со колегите и со купувачите.
5. Кои се вашите идни планови? Дали наскоро планирате проширување во некој друг град во Македонија и нови вработувања?
Во моментот додека одговарам на овие прашања, во тек е отворање на уште 3 нови продажни салони: Sinsay во Ѓорче Петров, Синсеј во Годел Скопје и Синсеј во Ремол – Тетово, што значи годинава ќе ја затвориме со вкупно 23 продажни салони. Ќе има уште отворање на нови продажни салони на многу атрактивни локации, а со тоа и нови позиции и во текот на следната година, но за нив ќе ве информираме наскоро. :) - завршува Милена.
Следете ја компанијата и бидете во тек со сите нови слободни позиции