Teleperformance, германска компанија и лидер во областа на дигиталните услуги и корисничка поддршка, е во процес на проширување на својот тим на територијата на цела Македонија, а на идните вработени им нуди 100% работа од дома и бонус за добредојде од 500 евра.
Германските компании честопати се синоним за високи стандарди во областа на професионалноста и ефикасноста, и најважно, конкурентни плати, поради што се многу привлечни за работниците од нашата земја.
Една од нив е и Teleperformance која се позиционира како една од најатрактивните работодавачи во нашата земја нудејќи атрактивни плати и бонуси за вработените.
Teleperformance има повеќе од 460 канцеларии во над 80 земји во светот, а компанијата е успешна и кај нас, каде по отворањето на канцелариите во Скопје успеа да вработи над 450 луѓе.
Сега Teleperformance „ја отвора вратата“ и за сите оние кои го знаат германскиот јазик ширум Македонија и сакаат да работат од удобноста на својот дом. Само сега, компанијата нуди и 500 евра бонус за добредојде за кандидатите кои ќе аплицираат и ќе се вработат преку TPSkopje.com.
Што го прави Teleperformance толку посакуван работодавач?
Teleperformance на своите вработени им нуди неколку атрактивни поволности кои прават значајна разлика на нашиот пазар на труд. Една од најважните е натпросечната плата, која им овозможува на вработените да остварат стабилен и сигурен приход.
Друга поволност е тоа што вработените имаат можност да работат од дома од било кое место во Македонија, со целосно обезбедена опрема за работа од Teleperformance.
Вработените се исто така пријавени од првиот работен ден со договор за вработување, а ги очекува и бонус за добредојде од дури 500 евра. Овој финансиски поттик не е само мотив за привлекување на новата работна сила, туку и начин за мотивирање на луѓето за нов почеток.
Што се очекува од кандидатот?
Описот на работната позиција е советник за корисничка поддршка, кој ќе биде одговорен за давање компетентни и услужно ориентирани совети за клиентите на компанијата.
Клучен услов за да станете дел од овој успешен тим е познавање на германски јазик (минимум Б2 ниво). Воедно, ова е можност за понатамошно развивање на вашите комуникациски вештини, што исто така може да ви отвори големи врати за напредување
во кариерата.
Со повеќе од 1.000 познати светски и реномирани компании со кои соработува, Teleperformance има завидна историја на обезбедување висококвалитетни услуги и совети, а нивниот тим во Македонија е важен сегмент од континуираното проширување и
зајакнување на компанијата.
Зборавате германски? Аплицирајте за 100% работа од дома и 500 евра бонус за добредојде на TPSkopje.com.