Иако повеќето луѓе во светот се навикнати на систем од пет работни денови и два дена одмор, постојат голем број на иницијативи тоа да се промени и да се скрати работната недела.
Пред 100 години, во Нова Англија бил воведен систем од пет работни дена во неделата, за христијаните и евреите да имаат свои денови на одмор. Идејата пет дена работа и два дена одмор, брзо потоа била масовно прифатена и постои до ден денес.
Но, според некои експерти, истата е неефикасна. Осум или повеќе часа дневно, пет дена во неделата е ритам кој беспотребно ги исцрпува работниците.
Ваквото мислење го дели и една македонска компанија а тоа е Компанијата „Базаро“.Тие во моментов имаат неколку активни огласи за вработување, а во нив се бара персонал за логистика и продажен персонал, кој ќе работи 4 дена во неделата. Според огласите, платен е секој изработен час, дополнително повисоко платенa работа на празник и за прекувремена работа, организиран превоз до работното место, обезбеден оброк секој ден. Во светот скромно се појавуваат компании што веќе вовеле или воведуваат 4-дневна работна недела.
Огласите на „Базаро“ се вистинска сензација, особено ако се земе предвид дека кај нас сè уште може да се чуе за работодавачи што настојуваат да се работи и подолго од 40 часа неделно.
Работодавачите велат дека не секоја работна позиција може да дозволи 4-дневна работна недела и дека во многу дејности мора да се работи и на празник и во недела, па и во смени.
– Има дејности каде што мора да се воведе дури трета смена поради природата на производствениот процес, има дејност каде што „се бркаат“ норми за да се испорача одреден производ во точни рокови. Во трговијата, исто така се знае колку и кога се работи. На пример, во моловите најчесто една смена трае шест часа, затоа што се работи во сабота и во недела. Но, ако има дејности, односно работен процес, кој дозволува да се работи 4 дена во неделата, тогаш на секој работодавач останува да процени дали тоа му се исплати – велат работодавачите за Слободен Печат.
Погледнете ги огласите на Базаро каде што се нуди четиридневна работна недела:
Продажен персонал - Карпош, Скопје
линк за повеќе детали и аплицирање
Персонал за логистика магацин Прилеп-Скопје-Прилеп
линк за повеќе детали и аплицирање
Персонал за логистика магацин Куманово-Скопје-Куманово
линк за повеќе детали и аплицирање