Стресот е природна физичка и ментална реакција на животните искуства. Изворот на стрес може да потекнува од различни ситуации, како што се секојдневните обврски, работата или семејството. Кога станува збор за краткорочни ситуации, стресот може да биде корисен за вашето здравје и може да ви помогне да се справите со потенцијално сериозните ситуации. Вашето тело реагира на стресот преку ослободување на хормони кои го зголемуваат срцевиот пулс, го забрзуваат дишењето и ги подготвуваат мускулите за акција.
Од друга страна, хроничниот стрес може да предизвика различни симптоми и да влијае на целокупната благосостојба. Ваквиот стрес има негативно влијание на:
Респираторниот и крадиоваскуларен систем
Докажано е дека стрес хормоните влијаат на респираторните и кардиоваскуларните системи. За време на стресен момент вие дишете побрзо во обид што побрзо да се дистрибуира крвта богата со кислород до вашето тело. Доколку веќе се соочувате со проблеми при дишењето, како што е астмата, стресот може значително да ја влоши оваа состојба.
Под стрес срцето исто така работи забрзано. Стрес хормоните предизвикуваат вашите крвни садови да се стегаат и да пренасочуваат повеќе кислород во вашите мускули како би имаше поголема сила за да преземат било какво дејство. Но, ова исто така влијае на крвниот притисок и го зголемува. Како резултат на тоа, чести или хронични стресови ќе направат вашето срце да работи напорно подолг временски период. Кога крвниот притисок се зголемува, паралелно се зголемува и ризикот од срцев или мозочен удар.
Дигестивниот систем
Кога сте под стрес вашиот црн дроб произведува дополнително шеќер во крвта. Ако страдате од хроничен стрес, вашето тело можеби нема да може да го надмине овој дополнителен гликозен бран и со тоа да го зголеми ризикот од развој на дијабетес тип 2. Стресот исто така може да влијае и на начинот на кој храната се движи низ вашето тело, што пак може да доведе до гадење, повраќање или стомачна болка.
Мускулниот систем
Кога сте под стрес на вашите мускули природно им доаѓа да бидат згрчени за да се заштитат од повреда. Откако ќе се опуштите мускулите се ослободуваат од згрченоста. Но, ако сте постојано под стрес тие нема да имаат шанса да се релаксираат. Таквите мускули предизвикуваат главоболки, болки во грбот, рамената и општо, болки во телото. Со текот на времето ова може да предизвика нездрав цикулс на фукнционирање.
Имунолошкиот систем
Стресот го стимулира имунолошкиот систем на тој начин што ви помага да избегнете инфекции. Но, со текот на времето стрес хормоните ќе го ослабнат имунолошкиот систем и ќе го намалат одговорот на вашето тело од надворешните закани. Луѓето со хорничен стрес се повеќе подложни на вирусни болеси како што се грипот и обичната настинка, како и други инфекции. Стресот исто така може да го зголеми времето потребно за да заздравите од болест или повреда.