Различните бои на темни кругови откриваат многу за вашето здравје…Не се сите темни кругови исти, а нивната боја може да открие специфични здравствени предизвици. Експертите ја нагласуваат важноста од препознавање и справување со причината за темните кругови со цел да се одржи добро здравје.
Д-р Драган Миљковиќ како превентивни мерки за намалување на подочниците препорачува менување на животни навики, вклучувајќи доволно сон, здрава исхрана, намалување на стресот и физичка активност.
Темните кругови може да бидат со различни бои, а секоја боја укажува на потенцијален здравствен проблем:
Тие може да укажуваат на кардиоваскуларни болести или анемија. Темните и подуени кругови под очите може да се поврзат и со проблеми со црниот дроб.
Темно црвени подочници
Најчесто се однесуваат на проблеми со бубрезите. Важно е да се реагира на време и да се консултира лекар.
Подуени подочници
Тие сигнализираат стрес, нездрав начин на живот, конзумирање тутун или алкохол, како и можни хормонални нарушувања.
Жолти подочници
Тие укажуваат на состојбата на желудникот, срцето и тенкото црево. Се препорачува лекарски преглед за правилна дијагноза.
Жолто-кафени нодули
Ако се појават, тие може да укажуваат на ксантелазма, поврзана со висок холестерол и хормонални нарушувања.
Истражувањата сугерираат дека генетиката исто така може да игра улога во појавата на темни кругови. За подобрување на состојбата на подочниците се препорачува редовно консумирање вода, маслиново масло, маски со чај од краставица и камилица, внесување витамини, минерали и железо, престој на сонце и избегнување пушење и алкохол. Исто така, важно е да се направи комплетна крвна слика за да се утврдат можните причини.