Стани дел од големото Лидл семејство и започни да ја испишуваш твојата успешна кариерна приказна!
Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна, присутен во 30 земји ширум светот, со 12.200 маркети и над 376.000 вработени. Заедно со Кауфланд е дел од групата SCHWARZ чие седиште се наоѓа во Некарсулм, Германија. Нивната успешна приказна започнува уште во 1973 година, со отворање на првата продавница, со само неколку вработени и 500 производи.
Оттогаш, Лидл со забрзано темпо се шири низ Европа и од септември 2021 година ги отвори вратите и кај нас и активно вработува кандидати на повеќе работни позиции.
Сите оние кандидати кои би сакале да патуваат во странство и да се обучуваат од врвни професионалци од интернационалните тимови на Лидл во период од 18 - 24 месеци и притоа да добијат одлични бенефиции, како обезбедено сместување, службен автомобил и целосна поддршка во процесот на алокација, ги повикуваме да аплицираат за некоја од позициите:
Supply Chain Team Leader - Trainee Program (Multiple Positions)
По завршувањето на обуката, кандидатите ќе работат во административна смена
Supply Chain Specialist - Trainee Program (Multiple Positions)
По завршувањето на обуката, кандидатите ќе работат во административна смена
Team Manager for Logistic Department (Trainee program)
линк за повеќе детали и аплицирање
Во моментов Лидл вработува кандидати на уште 13 други работни позиции. Сите огласи можете да ги видите на ЛИНКОТ.