Adient, глобалниот лидер во производство на автомобилски седишта, по вторпат добива сертификат од Институтот „Top Employers“ за најдобар работодавец во Европа за неколку од своите фабрики од регионот на ЕМЕА
„Ова второ последователно рангирање на врвот е доказ за нашите континуирани залагања да бидеме ценет работодавец и е доказ дека приоритет ни се нашите вработени “, изјави Небахат Гуелер, потпретседател за човекови ресурси во Adient ЕМЕА. „Сметаме дека прогласувањето за најдобар работодавeц e реномиранo надворешнo признание за нашиот напредок.“
23 од фабриките на компанијата Adient лоцирани во Република Чешка, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија и Србија ја поминаа опсежната евалуација од страна на институтот и беа оценети во категории како што се: стратегија за човекови ресурси, работно опкружување, привлекување таленти, учење, различност и инклузија, добросостојба и сл. Сертифицирани се фабриките од шестте оценети реони, исто како и минатата година.
Речиси сите Adient фабрики кои беа оценувани покажаа значителен напредок во резултатите со што се потврдува културата на постојано учење, а целосното бодување на компанијата е подобрено за 4,5% во споредба со 2023г. Споредено со резултатите на 86 компании кои учествуваа во анализата, Adient во однос на конкурентите, особено се истакна во категориите: стратегија за вработените и практики за различност, еднаквост и вклученост, со 11% и 7% подобро рангирање соодветно. Според тоа, главните приоритети на Adient во доменот на човековите ресурси е да се биде компанија раководена од целите, развој на лидерството, организациски дизајн и промени, како и различност, еднаквост и инклузија.
„Повторната сертификација како најдобар работодавец, со повисоки оцени од минатата година, ја отсликува нашата посветеност кон нашите вработени, кон зајакнување на грижата за вработените кои нé инспирираат да продолжиме да ја унапредуваме корпоративната култура и да бидеме горди што сме дел од семејството на Adient,” истакна менаџментот за човечки ресурси на фабриките Адиент Аутомотиве Струмица и Адиент Сеатинг Штип.
Програмата за сертификација за најдобар работодавец е создадена за да обезбеди насоки за спроведување на најдобри практики на вработените во широк спектар на индустрии. Оваа програма ги оценува компаниите низ целиот свет и дава повратна информација за нивната работна култура врз основа на истражување на најдобрите практики.
За Адиент:
Adient (NYSE: ADNT) е глобален лидер во областа на автомобилски седишта. Со 70,000+ вработени во 29 земја, Adient раководи со повеќе од 200 фабрики за производство/склопување низ целиот свет. Произведуваме и испорачуваме автомобилски седишта за сите големи производители на оригинална опрема. Од комплетни системи за седишта до единични компоненти од пена, навлаки и метални компоненти, нашата стручност ги покрива сите чекори од процесот на производство на седишта. Нашите интегрирани, интерни вештини ни овозможуваат да ги водиме нашите производи од истражување и дизајн до инженеринг и производство — и за милиони возила секоја година. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.adient.com.