Ова име порано им го давале на девојчињата кои се раѓале на Божиќ.
Името Наталија последниве години повторно е многу популарно и кај нас и во земјите од регионот. Потекнува од латинскиот јазик, од името „Наталија“ или „Наталис“, или од зборот „наталис“, што значи „денот во кој се родил Исус Христос“ или „Божиќ“, како и „ден на радоста“, „прослава“, „празник“, „среќен ден“.
Ова име порано им го давале на девојчињата кои се раѓале на Божиќ, но во современиот свет веќе не се практикува таков обичај, а името Наталија има и некои други значења – „таа што се родила радосна“, „жена која носи среќа и славење“, „родена под среќна ѕвезда“, „Божја ќерка“…