Д-р Франциска Шлосер веднаш била отпуштена откако нејзините колеги пријавиле дека ја напуштила болницата во Хамбург 28 минути порано за време на нејзината 24-часовна смена, каде што притоа работела 23 години.
Ја тужела болницата и добила отпремнина од 400.000 евра.
„Не можам да дозволам обвинението да стои така. Не направив ништо лошо. Сега доаѓаат и ја конструираат оваа измама со работно време. Апсурдно е“, вели 54-годишната докторка.
Беше поддржана и од Marburger Bund (MB), најголемото германско лекарско здружение. Катарина фон дер Хејде е директор на МБ Хамбург и негов правен застапник. „Директниот отказ не беше издаден навреме“, рече таа.
Шефот на болницата Филип Ветенгел изјави дека немаат намера да се борат против лекарот. „Тие рекоа дека си заминалa порано. Изјавата на сведокот беше веродостојна. Но, не знам што точно се случи и сакам да го завршам ова“, изјави Ветенгел на судот во Хамбург.
Судот смета дека обвинувањата против докторката се неосновани. Но, по 23 години поминати во болница, деловниот однос меѓу докторката и болницата заврши. Обвинението е повлечено, а докторката добила отпремнина, пишува магазинот Феникс.
Премногу се случи за да не сакаат да го продолжат работниот однос“, вели адвокатот на болницата. Двете страни се договорија за спогодба: Франциска Шлосер ќе ја напушти болницата на 31 јануари и ќе добие отпремнина од 400.000 евра.
„Голем товар ми падна од срце бидејќи процедурата е завршена. Ќе се смирам малку, ќе земам воздух и ќе барам нова работа“, изјави докторорката во интервју за германски RTL.