Илјадници млади луѓе, вработени во странство, би можеле принудно да се вратата во земјата затоа што не им се променети пасошите.
Овие патни документи стануваат неважечки по 12 февруари, доколку не се променети согласно Преспанскиот договор, а Агенциите за посредување за работа во странство за „Телма“ тврдат дека, според нивни сознанија, 24.000 нашинци треба да се вратат и да ги прекинат работните ангажмани.
Од 2021 се издаваат пасоши преку дипломатско-конзуларни претставништа, каде се издадени преку 50.000 патни документни. МВР и МНР отворија девет базни станици и шест мобилни станици за пасоши за нашите емигранти.
Засега нашинците одговори бараат по фејсбук групите и неизвесно е како ќе се снаоѓаат.