![Последниот ден од јануари ведар, сончев и сув – наредните денови температурите во пораст](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b5/20353c5b-resize-820x0x100.jpg)
Сончево време со слаб до умерен северен ветер – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава.
Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од -11 до -3 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец.
Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -5 до максимални 10 степени.
За утре УХМР прогнозира студено утро со услови за магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала облачност која ќе се зголемува во вечерните часови.
Во деновите што следат, особено за време на викендот и на почетокот на следната седмица, дневните температури ќе бидат во пораст.