Дури и во големите продавници, за жал, понекогаш може да се случи да купите лажен парфем, наместо оригиналот.
Но, за среќа, постојат неколку работи по кои можете да препознаете дали станува збор за оригинал или евтина копија:
1. Целофанското пакување
Оригиналниот парфем го покрива цврсто затегнат целофан, кој не е извиткан.
2. Шевот
Шевот каде е споено пакувањето не треба никогаш да биде поголемо од 5 милиметри ако станува збор за оригинал.
3. Картонот
Картонското пакување секогаш има посебен дизајн и оригиналните кутии никогаш не се без него. Плус, доколку се работи за оригинал, тогаш треба да е направено од висококвалитетен картон.
4. Натписи на пакувањето
Знакот за еколошко пакување (стрелки во круг) има црна стрелка која секогаш оди кон врвот, во однос на посветлиот дел. Кај копиите тоа е обратно.
5. Дизајнот на парфемот
Често можете да видите парфеми кои се многу слични со оригиналното име и дизајнот, па затоа, внимателно погледнете што купувате.
6. Бојата на парфемот
Познатите брендови често прават парфеми во посветли нијанси.
7. Капачето на парфемот
Дали станува збор за оригинал или фалсификат можете да познаете и по капачето кое мора да биде комплетно симетрично, ако е оригинал.
8. Серискиот број
Мора да биде назначен на пакувањето, не залепен и оној на дното мора да се совпаѓа со бројот на капачето.
9. Шишето
Оригиналите се внимателно правени и секое шише е потполно симетрично.