За три дена истекува т.н технички рок од Преспанскиот договор но и од нашите закони по однос на валидноста на исправите и документите кои што имаат меѓународна употреба, потсети министерот за надворешни.
Информираше дека пред два дена се видел со министерот за надворешни работи на Грција во Рим, каде била изразена волја да нема никакви проблеми во имплементирањето на одредбите посебно на тие, како што е 12 февруари.
И засега сите динамики се позитивни и конструктивни, истакна министерот.
Комуникацијата, како што нагласи е двострана.
„За граѓаните кои што треба да патуваат надвор, надлежноста е на МВР и јас нема да навлегувам во тој дел, но граѓаните кои треба да се вратат во државата, односно се затекнати надвор после 12 февруари, се разбира дека тука компетенции има МНР преку своите дипломатско конзуларарни преставништва, и оттука сакам денеска да пратам порака до нашите граѓани во дијаспората но и до сите други“, рече министерот.
Кажа дека забалежал одредена паника помеѓу нашите граѓани во дијаспората дека по 12 февруари ќе можат да ги изгубат работните места, дозволите за привремен престој и поради тоа како што рече има наплив во нашите ДКП посебно во Германија, во Швајцарија, во Италија но и во други држави.
Порача дека нема простор за паника.