Чувството на мачнина или повраќање исто така може да биде знак за срцев удар.
Срцев удар се јавува кога протокот на крв во срцето е значително намален или целосно прекинат, што најчесто се случува поради блокирање на артериите.
Иако се чини дека срцев удар се случува ненадејно, тоа не е така, бидејќи тоа е само последната фаза на исхемична срцева болест, односно еден од начините на кои може да се развие оваа болест.
Често човек не е ни свесен дека е болен, најчесто затоа што не ги препознава симптомите, но и не прави редовни, превентивни прегледи кај кардиолог.
Познато е дека најчест симптом на срцев удар е болката зад градната коска, чиј интензитет може да биде неподнослив, а пациентите често тврдат дека е посилна од се што доживеале досега и дека може да трае долго.
Од друга страна, се случува и пациентите да не ја чувствуваат болката воопшто или да не била загрижувачки силна, поради што е важно да се знаат и други симптоми.
Кои се помалку познатите и рани симптоми на срцев удар?
- се повторува чувство на непријатност во градите или болка која не е силна, но се враќа
- болка во пределот на вратот, рамото и вилицата
- чувство на гадење или повраќање
- потење без причина
- останување без здив или чувство дека не можеме да добиеме доволно воздух
- ненадејна силна анксиозност или конфузија
- вртоглавица, несвестица.
Вистина е дека овие симптоми се типични и за други болести, но сепак, доколку се сомневате на срцев удар, важно е веднаш да побарате помош, бидејќи во овој случај ефикасна реакција е најважна за да се зачува животот.