Далибор Василевски е супервизор на достава во Нелт Ст веќе осум години. Својата кариера во компанијата ја започнува во далечната 2007-ма година како доставувач за после две години да биде назначен на позиција магацински работник. На оваа позиција се задржува само 12 месеци по што следува унапредување во супервизор на достава – позиција на која Далибор ужива во работата до ден денес.
За Нелт Ст како работодавач постои голем интерес од страна на работобарателите во Македонија. Токму затоа, редакцијата на Vrabotuvanje.com ќе се обиде да ви ја претстави компанијата во вистинското светло преку искуството на Далибор Василевски – долгогодишен вработен и супервизор на достава во Нелт Ст од 2010 година.
Првото прашање беше за самите почетоци на Далибор, односно како дознал за можноста за вработување во Нелт Ст и кои биле неговите првични очекувања од компанијата.
Далибор Василевски: За компанијата Нелт Ст дознав преку тогашните огласи. Аплицирав и бев повикан на интервју каде што ја добив шансата за работа во оваа компанија. Во тоа време очекувањата не ми беа на некое високо ниво, меѓутоа со текот на времето забележав дека компанијата дава можност за напредување на вработените, па така решив да си поставам некои повисоки цели и да ја зграбам шансата што ми се дава.
Неговата прва позиција во Нелт Ст е доставувач. Не интересираше кои се работните обврски и како изгледа работниот ден на еден доставувач во Нелт Ст.
Далибор Василевски: Откако сите ќе дојдат на своите работни места се одржува мини состанок со супервизорот на достава и се товари робата во возилото од страна на самиот доставувач.
Пред да се излезе на терен да се посетуваат купувачите се проверуваат фактурите според товарниот лист. Доколку е се во ред се започнува со посета на купувачите, односно доставувачот излегува на терен. При достава на роба се проверува робата заедно со одговорното лице за прием на роба во продажното место и доколку нема никаква забелешка од негова страна се потпишуваат документите за примената роба. Потоа се продолжува кај следниот купувач и така се до завршување на дадената рута за тој ден.
По враќањето назад во компанијата се раздолжуваат фактурите во секторот Сервис за купувачи и тука завршува работниот ден на еден доставувач.
Откако ни стана јасно со што се занимаат доставувачите во Нелт Ст, сакавме да откриеме зошто Нелт Ст е атрактивен работодавач во Република Македонија, односно кои бенефиции и услови им ги нуди компанијата на своите вработени.
Далибор Василевски: Има неколку важни работи за компанијата кои би сакал да ги истакнам: функционирање по дефинирани стандарди, редовна исплата на сите бенефити според законски норми, исплата на регрес, полна квота за годишен одмор колку што законски му следува на секој вработен, исплата на минат труд, можност за добивање на стимулација и секако грижа за вработените на секој можен начин. Позитивниот и неформален однос помеѓу колегите во организацијата е една од спецификите по кои компанијата е препознатлива. Грижата за луѓето и поддршката од претпоставените се дел од работите кои не поврзуваат да функционираме како едно големо семејство. Секако, сето ова е проследено со организација на многубројни тренинзи и обуки преку кои се поттикнува победничкиот менталитет и преку кои секој од нас има можност да се надградува и напредува.
Нелт Ст е препознатлива компанија и по големиот број на тим билдинг активности кои компанијата ги организира за своите вработени.
Далибор Василевски: Сите тим билдинзи се организирани по европски стандарди и се со цел да се запознаат вработените меѓусебно бидејќи Нелт брои повеќе од 250 вработени кои се распоредени во повеќе сектори. Тоа е одлична можност вработените да се видат надвор од своите работни места и малку да се опуштат преку дружба и забава. Секако тоа има понатамошно влијание врз меѓусебната соработка на работно место, а многу пати довело до создавање на пријателства и приватни дружби меѓу вработените.
За крај, го запрашавме Далибор што би му препорачал на свој близок пријател кој сака да се вработи во Нелт Ст.
Далибор Василевски: Нелт е компанија која работи и ги почитува сите законски обврски кои се потребни за еден вработен. Ги стимулира сите вработени кои имаат желба да одат напред. Им овозможува на вработените најразновидни обуки и тренинзи преку кои се надоградува знаењето и компетентноста во работењето, па така секој вработен има можност за кариерен развој и напредок.
Сакате да станете доставувач во Нелт Ст?
Пополнете ја формата за конкурсна пријава на следниот линк