![ИСКОРИСТЕТЕ ГО ВИКЕНДОВ - од понеделник навечер голема промена на времето](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/8b/60ec32b8-resize-820x0x100.jpg)
Месец март меѓу нашите граѓани се нарекува и „Баба Марта“ бидејќ важи за месец во кој времето често се менува.
По топлите денови, синоптичарите најавуваат нов голема промена.
- Нов влажен, но овој пат и значително постуден воздушен бран очекуваме во понеделник доцна попладне, ноќта кон вторник и во вторник – Очекуваме обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка! - напиша Славчо Поповски, метеопрогнозер на неговата страна „Метеоаларм“.