Имаме добри вести за викенд-воините. Новото истражување сугерира дека луѓето кои се потат за време на викендот имаат нивоа на телесни масти слични на оние кои одат во теретана во текот на неделата, доколку вежбаат вкупно најмалку 150 минути.
Студијата, објавена во списанието Obesity, ги разгледа стомачните масти и вкупната телесна маст. Кинеските научници го мереле нивото на телесните масти на 9.700 учесници на возраст од 20 до 59 години, како и индексот на телесна маса и обемот на половината на волонтерите.
Тие собраа податоци од 2011 до 2018 година, а потоа ги групираа учесниците како неактивни, активни за време на викендите и редовно активни. Воините од викендот и редовно активните учесници имале помалку масно ткиво во долниот дел на стомакот и во целото тело во споредба со неактивната група.
Врз основа на податоците, истражувачите сугерираат дека неделното национално препорачано вкупно количество физичка активност - што е 150 минути физичка активност со умерен интензитет или 75 минути аеробна активност со силен интензитет и два дена зајакнување на мускулите - може да се направи рамномерно во текот на недела или повеќе од еден до два дена, соодветно во деновите од викендот. Двата методи на вежбање се поврзани со намалување на телесните масти.
Ова е уште еден доказ дека не е важно кога вежбаме, туку само дека тоа го правиме секогаш кога имаме можност. Секоја активност има корисен ефект врз здравјето.
„Може да биде понеделник, среда и петок, не мора да биде сабота и недела. Но, ако немате време во текот на неделата, движете се за викенд“, изјави истражувачот Питер Т. Кацмарзик за Verywell.