Со алатката за плати Moja Plata откријте ја вашата вредност на пазарот на трудот и обезбедете поповолни услови кога преговарате за плата со постојните или идните работодавачи.
Откако со години меѓучовечките односи го држеa приматот, односно самиот врв на пирамидата на причини поради кои сме подготвени да ја напуштиме сегашната работа, оваа ситуација се промени во последните година или две.
Висината на платата повторно стана најважниот фактор при одлуката за продолжување на нашата кариера.
Без разлика дали се работи за преговарање за нашите приходи и работните услови на моменталното работно место или прифаќање на понуда за работа и преминување во „редот“ на нов, потенцијален работодавач.
Но, одлуката за промена на работата никогаш не е лесна.
Од една страна ни се нуди можност за пресврт и напредување во кариерата и тоа е одлично. Но, на другата страна од спектарот се наоѓаат ризикот и неизвесноста. Како и прашањата од типот: Дали ќе се вклопиме?, Дали сме доволно добри?, Каков однос ќе имаме со надредената личност? и други сомнежи од кои не можеме туку така да се ослободиме.
Меѓутоа, за едно прашање работите треба да бидат сосема јасни. Секако, станува збор за висината на платата, како и за другите финансиски услови.
Додека размислувате за нова понуда за работа или преговарате за покачување на платата со вашиот сегашен работодавач, просечната плата во вашата индустрија служи како важна насока. Тоа ви овозможува да создадете реални очекувања за тоа колку плата можете да очекувате за одредена позиција или улога. Дополнително, ви овозможува подобро да преговарате за вашата плата, бидејќи имате јасна слика за тоа каде е вашата плата во споредба со просечната.
Како извор кој е вреден и со конкретни информации, може да ви послужи Moja Plata, алатка за плати со чија помош во само неколку чекори ќе дознаете колкави се просечните плати за одредено работно место во Македонија.
Истражувањето моментално опфаќа над 500 работни места. Собирањето на испитаници се врши континуирано онлајн, а во моментов во истражувањето се активни повеќе од 18.500 испитаници.
Споредете ја вашата плата сега на ЛИНКОТ, или пробајте ја алатката бесплатно на ТУКА (за компании.)