Рептил постои на пазарот од 1996 година и важи за компанија која заслужено може да се пофали со континуиран пораст на пазарот.
Семејството на Рептил го сочинуваат 25 подружници лоцирани во Скопје и Виница, онлајн продажба и големопродажба на јавен и приватен сектор. Како компанија особено се горди и благодарни на вработените кои се дел од нивниот тим од самите почетоци и кои заедно со нив ја креираат нивната успешна приказна.
Уште од самиот почеток со работа, секој нов вработен работи со искусен Ментор кој има обврска да даде насоки и да го усмери новиот вработен со цел побрзо да се вклопи и да ги совлада работните задачи. Менторот го олеснува процесот на учење и развој и пружа несебична подршка на новиот вработен. Предзнаењето и работното искуство не се услов, сите кои имаат желба за работа имаат можност да научат.
Во Рептил горди сме што ги правиме работите поинаку. Ова не е обично работно време од 8 часа, нашето патување е обликувано од вработените.
Рептил го цени времето на вработените. Дел од бенефициите кои ги нудат на нивните вработени се: слободен ден за роденден и слободен ден на сите мајки кои имаат дете прваче. Балансот меѓу работата и приватниот живот е концепт кој го имплементира Рептил преку оптималното работно време по 7 часа дневно, во две смени. Оние вработени кои имаат дете до 1 година, имаат право на избор на смена. Работното место се трудат да го обезбедат блиску до местото на живеење на вработените, доколку нема услови за истото, го плаќаат превозот до работното место.
Ефикасноста е соодветно наградена, а секој вработен кој ефективно си ги извршува работните задачи, работи тимски и го остварува зададениот таргет добива исплата на бонус-таргет.
Поради брзиот раст, секогаш бараат мотивирани луѓе кои се подготвени да се придружат во тимот, а нивната цел е да ги направат нивните продавници, производи и искуството за купување подобри од кога било.
Рептил нуди уште една мотивирачка бенефиција, а тоа се однесува на вработените кои го помагаат и потикнуваат нивното брзо проширување преку опцијата препорачај пријател за вработување и за таа цел добиваат финансиска награда. Без разлика на улогата, можете да оставите свој белег како дел од успешната приказна на Рептил.
Понекогаш, најубавите приказни од работното место не се канцелариите со врвен поглед, или со модерни службени автомобили, долги паузи.
Понекогаш најубавите приказни се со луѓе кои се чувствуваат безбедно, ценето и се наградени според нивната вистинска вредност и придонес. Рептил верува во тоа и тука се, за да се поддржуваат едни со други. Уште една од многуте бенефиции, е што обезбедуваат три пати во годината вредносни ваучери за најдобрите вработени. Ги нудат сите потребни алатки и обуката што е потребна за нивните вработени да бидат најдобри.
Тука сме за вработените и во нивните најважни моменти од животот, заедно се радуваме и даруваме подарок за склучување брак и новороденче. Пред сè, за нас е многу важно вработените да се чувствуваат безбедно и да работат во здрава работна средина.
Рептил нуди еднакви можности за секој вработен, кој е амбициозен да оди напред со позиција и да бележи кариерен раст.
Вработете се во Рептил и уживајте ги нивните поволности и грижата кон Вас.