1. Што Ве мотивираше да се вратите во нашиот тим?
Моето искуство надвор од Жито Маркети ме научи дека не сите работни места се исти. Се обидов да пронајдам подобри услови, но бргу сфатив дека не е се вистина што го читаме по огласите за работа, но и она што го имам овде е уникатно и за мене вредно. Сфатив дека работната средина, почитта и организацијата што ги имаме се нешто што не се среќава секојдневно. Ми беше потребно кратко време за да го увидам значењето на семејството што го најдов тука, и за тоа одлучив да се вратам.
2. Како би ја опишале корпоративната култура тука и што Ви е најзначајно?
Што ме воодушевува е чувството дека сум ценета и почитувана како индивидуа. Оваа компанија ме прифати назад без прекори и ми покажа дека вратите секогаш се отворени за оние кои сакаат да придонесат. Вреднувањето на личниот развој и придонесот на секој вработен е нешто што ми е навистина значајно.
3. Како програмите за развој и обуки влијаат врз Вас?
Програмите за обука и развој тука ми покажаа колку е важно кога работодавецот инвестира во вработените, прво за самите нас, кои се стекнуваме со професионално знаење, но и за самата компанија, а и купувачите. Именувањето на ментор кој беше со мене на секој чекор, помагајќи ми да се вклопам и да растам професионално, беше клучно за моето успешно враќање и адаптација. Ова ме натера да ја ценам уште повеќе нашата култура на поддршка и мотивација.
4. Како работна средина влијае врз Вашето задоволство?
Бидејќи сме како едно големо семејство, чувствувам дека мојата работа е важна и дека секој придонес е ценет. Нивото на тимска работа и меѓусебна поддршка овде е нешто што ретко се среќава. Овие аспекти на нашата работна култура ми овозможуваат да најдам совршен баланс меѓу професионалниот и приватниот живот, што значително придонесува кон моето општо задоволство.
5. Какви се Вашите цели и амбиции во периодот што претстои?
Во оваа компанија видов многу примери на луѓе кои се развиваат и напредуваат, и сакам да го следам тој пат. Ценам што ми се даваат можности да растам и се надевам наскоро да придонесам уште повеќе на повисока позиција. Бенифициските програми и признанијата за нас вработените не само што нè мотивираат секојдневно да даваме сè од себе, туку и дополнително потврдуваат дека сум на вистинското место.