Гласањето за најдобар сајт на годината е веќе во тек. Во овој период оние што сакаат да нè поддржат ќе можат тоа да го сторат давајќи го гласот за Vrabotuvanje.com во следните категории:
- Најдобар сајт за 2018 година,
- Најдобар сајт за е-трговија и огласи,
- Најдобар корпоративен сајт,
- Најдобар мобилен сајт
Начинот на гласање е следниот:
Како посетител на веб страницата на Сајт на годината, треба да се пријавите преку вашиот мејл, по што на истиот ќе ви пристигне повратна порака со линк до листата за гласање. Од една мејл адреса, односно линк можете да гласате само еднаш.
Победниците ќе бидат објавени на 13.12.2018 на свечена манифестација во просториите на Еу инфо центарот во Скопје во 18 часот, при што ќе се поделат симболични награди и плакети на победниците од секоја категорија.
Mанифестацијата "Сајт на Годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk се одржува по деветти пат оваа година.
КАКО СЕ ОДВИВА ГЛАСАЊЕТО И КАКО СЕ ИЗБИРААТ ПОБЕДНИЦИТЕ?
И оваа година покрај гласовите на жири комисијата во вкупните гласови ќе влезат и гласовите на интернет посетителите. Секој посетител на веб страницата на Сајт на Годината има можност да гласа за најдобрите сајтови преку веб апликацијата. Соодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.
Гласањето од интернет посетителите ќе започне од 24.11.2018 и ќе трае заклучно со 09.12.2018. Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени.
Вашето вработување е наша грижа и обврска, а Вашиот глас ќе ни биде поддршка!
Ви благодариме на поддршката и довербата!
Тимот на Vrabotuvanje.com