Со пристигнувањето на топлите денови, многумина од нас се подготвуваат за одмор во Грција. Од плажa, сонце и море, па сè до вкусно гиро, Грција е популарна дестинација за туристи од целиот свет, а најмногу од Македонија.
Сепак, ова лето има една измена која може за нијанса да влијае на нашето уживање во оваа земја. Имено, цената на гирото, омилениот оброк на многумина, се зголемува.
Доколку лани просечната цена на гирото изнесуваше 4 евра, а во некои туристички места можеше да се начека вкусно гиро дури и за 3,50 евра, ова лето ќе треба да издвоиме најмалку 5 евра за овој вкусен оброк.
Ова за Денар го открива туристички водич од Скопје кој посочува дека поскапувањето на храната во Грција не е неочекувано.
„Грчката економија се соочува со разни предизвици, вклучувајќи ја и инфлацијата. Во текот на последната година, некои цени се зголемија, вклучувајќи ги и некои прехранбени производи. Сепак, повеќето производи, освен популарното гиро, се продаваат по иста цена како и ланската. Туристите можат да се уверат дека вкусот на гирото останува неодолив, иако цената се зголеми“, објаснува соговорникот.
Тој ни ги откри и цените на дел од основните прехранбени намирници што ги купува секој турист додека е на одмор во Грција.
Па така, моменталната цена на обичниот леб со сусам изнесува 0,80 евра, на багетот 1,30 евра, на грчката пита 1,10 евра, килограм домати чини 1,90 евра, парче краставица 0,9 евра, килограм пилешко месо се продава за 2,99 евра, килограм мелено месо 9,78, маслиново масло 5 литри – 30 евра, килограм јаболка 1,80 евра…
Кога станува збор за гирото, неговата цена во Грција се движи помеѓу 5 и 6 евра.
Во зависност од видот, свежата риба е од 7 до 25 евра за килограм. Цената на топка сладолед се движи од 1,5 евра до 3 евра, во зависност од слаткарницата и дестинацијата.