![Зголемени цените на угостителските услуги](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/60/30637706-resize-820x0x100.jpg)
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во споредба со февруари 2024 година, е зголемен за 0.2%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 % и Алкохолни пијалаци за 0.1 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во март 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.0 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.2 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 0.7 %.