Во светот на малопродажбата, трудот е сè. Затоа, во Жито Маркети се посветуваме на неговото препознавање и наградување.
Со огромно задоволство ја објавуваме нашата нова иницијатива, "Направи Трансфер во Најдобриот Тим", кампања која ја отвора вратата за талентирани и вредни професионалци од малопродажниот сектор да станат дел од нашето растечко семејство.
Ние во Жито Маркети, веруваме дека нашиот успех се гради врз темелите на нашите вработени. Затоа, сме подготвени да ве наградиме со бонус од 30.000 денари, доколку поседувате искуство, лојалност, брзина, флексибилност и доверливост и ќе покажете извонредни резултати во првите месеци на работа.
Зошто Жито Маркети?
Бидејќи ние сме повеќе од само ланец на супермаркети. Ние сме заедница која инвестира во раст и развој на нашите луѓе, креирајќи средина каде што секој може да се чувствува вреден и инспириран да го даде својот придонес за компанијата. Ние нудиме конкурентни плати, одлични услови за работа и многубројни можности за напредување, со што овозможуваме нашите вработени да растат како професионалци и како личности.
Доколку сте подготвени за премин кон подобро и позитивно работно место, каде вашите придонеси се ценети и наградувани, придружете ни се. Оваа кампања е вашата шанса да направите значаен чекор во вашата кариера и да станете дел од тимот кој го поставува стандардот во малопродажбата.
Посетете ја нашата веб страница www.zito.com.mk или јавете се на телефонскиот број 075 425 608 за повеќе информации.
Вашиот следен голем чекор во кариерата започнува тука, во Жито Маркети, каде што вистинските таленти се ценат.
Со нетрпение Ве очекуваме!
Сите огласи за вработување во Жито Маркети, можете да ги погледнете на ЛИНКОТ.