Шеќерот и рафинираните јагленохидрати се сметаат за "празни калории" главно поради тоа што не содржат никакви корисни хранливи материи. Доколку имате "сладок заб" и благите работи ви се слаба храна, морате да внимавате да не претерате со нивно конзумирање. Доколку забележите некои од овие знаци време е на менито да додадете разновидност.
Имате постојана потреба од благо
Храната богата со шеќер е зависност која постојано не става под искушение. Истражувањата покажуваат дека овој вид на храна ослободува допамин, сличен на оној кога станува збор за зависноста од лекови. Поради тоа, секој пат кога вашата потреба за благо ја задоволувате со парче чоколадо или Сникерс вие всушност создавате многу нездрава навика. Затоа, нареден пат кога ќе почувствувате глад пробајте да го избегнете благото. Наместо тоа конзумирајте зеленчук, ореви или пченкарни производи и избегнете го непотребниот шеќер.
Немате енергија
Гликозата е од суштинско значење за производството на енергија во телото. Важно е нивото на шеќер во крвта да се одржува балансирано. Со конзумирањето на благо панкреасот ослободува инсулин кој помага во пренесувањето на гликозата до клетките, што пак доведува до наплив на енергија. Откако ќе се искористат сите "залихи" телото ќе бара повеќе шеќер како циклусот би започнал одново. Тоа значи дека доколку внесувате големи количини на благо вие го зголемувате шеќерот во крвта, кој потоа паѓа брзо и го тера телото да сака нов "бран" на енергија и шеќер.
Ослабнат имунолошки систем
Дали знаевте дека 70% од нашиот имунолошки систем се наоѓа во стомакот и е поддржан од корисни стомачни бактерии? Затоа е важно да се одржи рамнотежата на добрите бактерии. Исхраната богата со шеќери ќе ги нахрани помалку посакуваните бактерии и сето тоа ќе влијае на доброто фунцкионирање на имунолошкиот систем.
Страдате од несоница
Јадењето благо доцна во ноќта може да доведе до наплив на енергија во време кога треба да се фокусирате на подготовка на телото за одмор. Серотонинот во голема мера е произведен во цревата и е од суштинско значење за производството на мелатонин – хормонот за релаксација. Доколку сте некој кој има проблеми со спиењето, намалувањето на шеќер во доцните часови може да ви помогне.
Зголемување на тежината
Сосема логично е дека преголемото конзумирање на благо доведува до зголемување на телесната тежина. Гликозата е главен извор на енергија во телото и доколку веднаш не се искористи како енергија телото го задржува вишокот во црниот дроб, мускулите или како маснотија околу половината.