![Ел Салвадор нуди 5.000 бесплатни пасоши на странците, доколку се населат и останат](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/f4/cb34144f-resize-820x0x100.jpg)
Претседателот на Ел Салвадор Наџиб Букеле изјави дека неговата земја ќе понуди 5.000 пасоши на „високо квалификувани странци“ кои ќе се согласат да се населат во малата, сиромашна централноамериканска земја.
– Нудиме 5.000 бесплатни пасоши – напиша Букеле на платформата Х.
Букеле рече дека имателите на пасоши ќе имаат салвадорско државјанство и право на глас и ќе можат да ги увезуваат своите стоки без царина.
– И покрај малиот број, нивниот придонес ќе има огромно влијание врз нашето општество и иднината на нашата земја – додаде Букеле.
Наџиб Букеле, кој стана претседател во јуни 2019 година, доби нов петгодишен мандат на изборите на 4 февруари, освојувајќи 84,65 отсто од гласовите, фаворизирани од немилосрдната војна против вооружените банди кои ја тероризираа земјата.