Можеби звучи неверојатно….но, вo Македонија постои компанија која лојалноста на своите вработени ја наградува со вистински дијаманти. Станува збор за македонската МИНТ финтек групација.
Дијамантите како симбол на препознавање на придонесот кој што го имаат вработените за самата компанија, претставува незаборавно позитивно искуство кое симболизира позитивни резултати и посветност и иновации кои ја движат компанијата.
Во интересен тим билдинг викенд кој се одржа во живописното Крушево, оваа позната македонска компанија ги собра своите 100 вработени, а круна на настанот беше познатата гала која ја организираат неколку години со ред, кога се прогласуваат најдобрите од тимот кои добиваат блескави дијаманти наместо стандардниот златен часовник. Овој потег е насочен кон ставање на рефлектор и на напорната работа и на креативноста што ја поттикнуваат финтек моќта на оваа комапнија.
Освен овие награди, како стимул за вработените беа доделени и статуетки, патувања и хај-тек опрема за оние кои се нови да ја почуствуваат припадноста, за оние кои се во раст да знаат дека имаат ветар во грб, а за оние кои оствариле добри резултати да знаат дека нивниот успех е успех и на компанијата.
Давајќи им признанија Минт финтек групацијата, ја потенцираше важноста на луѓето и нивното задоволство потврдувајќи дека задоволните вработени се најголемата моќ на секоја компанија.
Настанот го модерираа познатите шоу-биз личности Миро Кацаров и Љубица Ангелкова, а мотивациски говорник беше д-р Жарко Костиќ.
И така, „дијамантите се најдобри пријатели на жената„ познатиот стих кој го запеа Мерлин Монро во филмот снимен во 1949-тата „Gentlemen prefer blondes”, веќе неколку години за МИНТ финтек групацијата важи дека дијамантите се најдобри пријатели на нејзините вработени.
Придружете ни се на настанот преку галеријата на фотографии додека ги славиме овие светлечки ѕвезди во финтек индустријата и се инспирираме меѓусебно да достигнеме нови височини.